ЕКОНОМИЈАМЕТРОПОЛ

Цената на кафето урива рекорди

Цените на зрната кафе го достигнаа највисокото ниво во речиси половина век, пред се поради неповолните временски услови и проблемите со снабдувањето. Ова зголемување значи дека кафето во сите негови форми – од пијалоци Арабика до инстант кафе на база на робуста – речиси сигурно ќе стане поскапо за потрошувачите.

Advertisements

Во средата светската референтна цена на Арабика порасна за 4,6 отсто на 3,2305 американски долари за фунта, што е највисоко ниво од 1977 година, пишува Business Insider, а пренесува tportal. Од почетокот на годината, фјучерсите на Арабика скокнаа за повеќе од 70 отсто.

Во исто време, референтната цена за робуста – поевтина алтернатива на арабика – се зголеми за 6,9 проценти, достигнувајќи 5.533 долари за тон. Цените на Робустата годинава се зголемени за 80 отсто. Најголемиот светски производител на кафе, Нестле, минатата недела најави зголемување на цената за да ги надомести зголемените трошоци за суровини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button