
Владата се пофали дека мерките даваат ефект и цената на лебот се намали на околу 30 денари, но ситуацијата на терен е поинаква…
Цената на лебот и понатаму останува иста, лебот чини најмалку 40 денари, додека во зависност од видот оваа цена може да достигне и над 60 денари. Информациите кои стигнаа до редакцијата на телевизија Алсат велат дека имало краткторочна акција за поевтинување од одредени фирма и нема врска со намалување на цената како резултат на мерките на Владата. Но власта и оваа акција ја присвои оваа акција, фалејќи се дека мерките даваат резултати. Граѓаните велат дека се разочарани и дека со овие цени никако не можат да опстанат.
„Поскапеа сите производи, не само лебот… Владата треба да мисли малку за народот, народот е разочаран, апсолутно цените се превисоки, не можат да опстанат“…
„Цената на лебот мора да се намали…“
„Ќе видиме, можеби ќе дадат, можеби не, ќе видиме… Тоа е навистина многу висока цена, навистина е висока цена за лебот”, реагираат граѓаните.
Како последица на економската криза, цените на основните прехранбени производи во текот на годината се зголемени за околу 32 отсто, одредени производи како што се: лебот, брашното, маслото, млекото поскапеа за над 100 отсто. Според податоците на Државната агенција за статистика, потрошувачката кошничка веќе достигна над 51 илјада денари, што е повеќе од просечната плата и речиси трипати повеќе од минималната плата.
Ајнур Бафќари