Цената на струјата во Европа преполовена

Цената на струјата падна на половина на глобалните берзи, но тоа не се очекува да се одрази со намалување на сметките за струја за граѓаните. Гледајќи ја унгарската берза ХУПЕКС, од која се базира цената на струјата во земјава, таа падна за околу 50 отсто и еден мегават час сега чини 109 евра.
Минатата недела се продаваше по 200. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека овие движења се резултат на намалувањето на побарувачката на компаниите кои ставаат клуч на врата поради огромните загуби кои се резултат на високата откупна цена на струјата. Поранешниот премиер Зоран Заев во својство на бизнисмен рече дека надлежните се свесни оти доколку утре има зголемување на побарувачката на струја, што се случува во текот на зимата, цените веднаш ќе се зголемат.
Ректорот на УЈИЕ Абдулменаф Беџети истакна дека во име на берзата се прават злоупотреби. Како економист рече дека треба да се конфискува профитот од фирмите кои ја искористуваат кризата, како што тоа се прави во некои земји. Беџети рече дека основните цени на берзата се зголемени за 35 отсто, но во Македонија се покачени за 120 отсто. Струјата се увезува по иста цена, рече Зоран Заев, поранешен премиер.
„Тоа не е во ред, во овие услови и околности државата треба да функционира и да контролира за поефикасно управување со цените и од производителите и од увозниците. Без сомнение се обидуваат да го направат тоа со маржата, но тоа не е доволно. Има земји кои размислуваат за конфискација на суперпрофитот во кризниот период“, рече Абдулменаф Беџети, ректор на УЈИЕ
Но, нашата земја сè уште не успеала да го обезбеди дефицитот од 30 отсто од електричната енергија. Според ЕСМ, зголемено е локалното производство кое од сопствени капацитети обезбедува електрична енергија за дел од локалната економија, домаќинствата и малите потрошувачи. Велат дека со враќањето на блок 1 во ТЕЦ Битола за еден ден произведуваат околу 12.000 мегават-часови електрична енергија, приклучувајќи ги ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино. Во хидроцентралите во земјава и во ветерниот парк Богданци дневно се произведуваат по околу 400 мегавати, но и понатаму неопходен е увоз за задоволување на дневните потреби во државава.
Аднан Ќаили