ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените ќе растат во текот на целава година

Стапката на инфлација ќе продолжи да расте во текот на целата година. Македонија не може да биде имуна од глобалните случувања, особено со растот на цените во еврозоната која се прелева и кај нас. Засега стапката на инфлација во земјава е под контрола, велат од Европската банка за обнова и развој.

Advertisements

„Стапката на инфлација во регионот и во земјава почна да расте во средината на претходната година и нашите прогнози се дека таа ќе продолжи да расте во континуитет и оваа година. Инфлацијата е глобална појава поврзана со растот на цените на храната и енергенсите…“, рече Ана Красич, Европска банка за обнова и развој.

Народната банка претходниот месец регистрираше стапка на инфлација во земјава од високи 7,1 процент. Економските експерти велат дека се потребни мерки за стабилизација на цените.

„Државата би требало да примени сет на мерки насочен кон ценовното регулирање, а тоа се прави со интервенција во стоковите резерви или пак со дополнителна интервенција по други канали каде што би се стабилизирал пазарот особено во делот на производите, каде што на берзите се бележи значителен раст“, вели Зоран Ивановски- Универзитетски професор.

Инаку, историско висок раст на инфлацијата за февруари има во целата евро-зона, односно во 25 земји, скоро 6%. Во Велика Британија инфлацијата достигна 6,2 проценти што е највисоко ниво регистрирано после три децении, а рекордно ниво се забележа и САД, 5,2% . Инфлацијата во Русија пак, е над 14%. Војната во Украина и ковид-кризата предизвикаа дополнителен раст на цените на нафтените деривати, енергијата и храната.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button