Цените на билетите остануваат исти и по намалувањето на горивата
Цените на билетите остануваат исти и по намалувањето на горивата

Иако цените на нафтените деривати постојано се намалуваат, цените на билетите за меѓуградски превоз и понатаму остануваат исти.
Граѓаните плаќаат поскапи билети од јуни, кога цените на дериватите се искачија на рекордно ниво. Во тој период билетите во еден правец поскапеа од 20 на 50 денари, во зависност од одлуката на превозникот, а оттогаш картата во еден правец на линијата Тетово-Скопје и понатаму останува 200 денари или 50 денари поскапа, а од Куманово до Скопје патувањето чини 170 денари или 20 денари повеќе од порано. За Битола патниците плаќаат 730 денари, а за Охрид цената на автобуските билети во еден правец достигнува и до 890 денари во зависност од превозникот.
Линии
Скопје-Тетово 200 денари/во еден правец
Скопје- Куманово 170 денари/еден правец
Скопје-Битола 630-730/ во еден правец
Скопје Охрид 840, 850, 890/ еден правец
Граѓаните велат дека со оглед на намалувањето на цените на нафтените деривати треба да има намалување на цените на билетите. Велат дека цените се менуаат само кога треба да има поскапување.
„Мислам да… Од Куманово до Скопје, јас сум на факултет и секој ден давам по 170 денари“, рече еден граѓанин.
Од превозните компании без став дали размислуваат за намалување на цената на билетите./Alsat.mk
Ајнур Бафќари