ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените на горивата кај нас слични како во ЕУ

Цените на горивата во земјава речиси се изедначија со цените во земјите – членки на ЕУ, каде е повисок животниот стандард. Анализата на моменталната цена на бензинот и дизелот во споредба со Словенија, Хрватска, и Србија покажува дека разликата е од едно до три евра за дизел по литар, а бензинот е речиси идентичен како кај нас.

Advertisements

Сепак треба да се има предвид дека минималната плата во овие земји се движи од 400 од 1.100 евра, за разлика од кај нас каде минималната плата со последното покачување е 300 евра.

Цената на бензинот од 1,4 евра, колку што е во Македонија, е и во Србија, а во Словенија е 1,5 колку и во Хрватсака. Дизелот пак, во Македонија се продава за 1,3 евра, во Словенија за 1,6, во Хрватска 1,4, и во Србија 1,5евра.

БЕНЗИН ДИЗЕЛ:

СЕВРЕНА МАКЕДОНИЈА 1,4 евра 1,3 евра
СЛОВЕНИЈА 1,5 евра 1,6 евра
ХРВАТСКА 1,5 евра 1,4 евра
СРБИЈА 1,4 евра 1,5 евра

По избувнувањето на воениот конфликт во Украина, речиси и да нема земја во светот која остана имуна од ефектите на зголемување на цените на нафтените деривати. Ова во најголем дел се дожо на големата зависнот која ја имаат земјите од руските енергенси.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button