ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените на храната го достигнаа врвот, инфлацијата во јуни 14,5%

Цените на храната го достигнаа врвот. Државниот завод за статистика измери рекордна инфлација од 14,5 проценти за претходниот месец споредено истиот месец лани. За повеќе од 50 проценти поскапело маслото за јадење, лебот за 30 проценти. Млекото, јајцата и сирењето во рок од една година се продаваат за цени поскапи за речиси 20 проценти. Експертите алармираат мерките за ублажување на ценовните шокови да продолжат, но да се воведат и нови.

Advertisements

„Бројките се неспорни, мерките коишто беа преземени во изминатиот период, сметаме како научна јавност дека треба и понатаму да продолжат за да може на некој начин да се држи во место трендот којшто за жал го гледаме од ден во ден дека расте. Мерките не само што треба да се имплементираат понатаму туку треба да се изнаоѓаат и нови мерки“, рече Сузана Јордановска-Универзитетска професорка.

Дали треба да има замрзнување цените? Јас мислам да.“

За ублажување на стапката инфлација Народната банка треба да размислува за поригорозни мерки и затегнување на монетарната политика со повторен раст на каматната стапка
„Ние имаме препорака монетарната политика да биде порестриктивна, но и Владата да води внимателни експанзивни политики насочени кон побарувачката бидејќи таа може да донесе уште поголема инфлација“, рече Рилинд Адеми- професор економија.

Покрај цените на храната, статистика за периодот од мај до јуни годинава, забележува раст на цените и на горивата за 17,2 насто, туристичките аранжмани за 6,4 насто, патниот транспорт за 4 и услугите во рестораните и кафулиња за 2,5. На почеток на претходниот месец престанаа да важат сите владини мерки за ублажување на ценовните шокови, по што цените на прехранбените производи за само 24 часа пораснаа за околу 20 проценти.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button