ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Цените на храната продолжуваат да растат, неодамна и лебот поскапе за повеќе од 10 проценти

Цените на храната продолжуваат да растат, неодамна и лебот поскапе за повеќе од 10 проценти

Граѓаните речиси секој ден се затекнати од новите цени на пазарот. Од средата, граѓаните купуваат бел леб поскап за околу 10 отсто. Последниве месеци бележиме значително зголемување на цените на основните животни намирници, особено на храната.

„Едно семејство треба да има некаде, најмалку 1.000 евра приход за да излезе на крај. Каде да ги земеме? Нема каде! Сите работат, но нема добра плата, подобро не прашувај. Тоа е тоа!“, рече еден граѓанин.

Агробизнис комората ја повикува Владата да интервенира и да помогне во ублажување на оваа економска криза. Претседателот на оваа комора, Горан Георгиевски, рече дека цената на пченицата треба да се субвенционира се додека не се преземат мерки за контрола на цените на основните производи. Тој рече дека овие цени ќе останат до жетвата на пченицата кај нас и дополнително ќе се одлучува според приносот на домашното производство.

„Воведувањето на ембаргото на ЕУ за купување жито од Русија и Белорусија се рефлектираше во зголемувањето на цените на светскиот пазар на пченица и како последица на тоа, трошоците за снабдување со жито за нас од земјите-посредници се зголемија. Зголемувањето на цената на лебот за 10% во малопродажба, значи дека е зголемен за 3 денари, односно од 33 сега векна леб чини 36 денари“, велат од Агробизнис Комора

Цените на храната се зголемуваат трет месец по ред, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Во извештајот на ФАО се вели дека цените на житариците во мај се зголемиле за 6,3 отсто во споредба со април. Ова беше резултат на порастот на извозните цени на пченицата, како одраз на растечката загриженост за неповолните услови за посевите кои се со намалени приноси за оваа 2024 година, во клучните производствени области, вклучувајќи делови од Северна Америка, Европа и регионот на Црното Море, вклучувајќи ги Украина, Белорусија и Русија./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button