ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата на светскиот пазар се зголемија откако ОПЕК+ го намали производството

Меѓународната референтна цена на суровата нафта „брент“ утринава изнесуваше 84,08 долари за барел по растот на цената за 5,24 отсто.

Advertisements

Цените на нафтата на светскиот пазар се зголемија откако некои земји од групата ОПЕК+ го намалија производството за повеќе од милион барели дневно.

Американската референтна вредност „Вест Тексас интермедиејт“ (West Texas Intermediate (WTI)) тргуваше по цена од 79,68 долари по барел по растот на цените за 5,29 отсто.

Двете референтни вредности се зголемија за околу 5 отсто, откако во текот на минатиот викенд главните производители на нафта од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, познати како ОПЕК+, објавија месечно намалување на производството за 1,65 милиони барели дневно до крајот на годината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button