ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата паднаа втора недела по ред и тоа доста

На светските пазари, цените на нафтата паднаа минатата недела, втор пат по ред, за повеќе од 6 проценти.

Advertisements

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 6,2 проценти на 39,27 долари, додека на американскиот пазар за еден барел падна 8 проценти на 37,05 долари.

Падот на цените се должи најмногу на стравувањата на трговците дека новите ограничувачки мерки во многу земји поради вториот бран на ширење на коронавирус ќе предизвикаат слабеење на побарувачката.

Бројот на нови инфекции со коронавирус во светот минатата недела се зголеми за скоро два милиони, на повеќе од 34 милиони, додека бројот на смртни случаи надмина еден милион.

Извор: oilprice

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button