ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Цените на ПСР тестовите и натаму се високи

Граѓаните кои се уште не ја примиле вакцината се обврзани да направат ПЦР тестови за патување во странство, но и за други потреби. Бидејќи земјите од регионот ги усогласија критериумите за патување, нашите граѓани продолжуваат приватно да плаќаат за ПЦР патни тестови. Во Институтот за јавно здравје чини 1.850 денари, доколку треба да се направи за патување во странство задолжително е да биде QR код и превод на англиски јазик. Микробиологот Османи објаснува дека трошоците зависат од повеќе фактори и додава дека тие биле помали отколку на почетокот на пандемијата  кога достигнуаа цена и по цена од 5.500 денари.

Advertisements

„Се зема предвид цената на реагенсот, цената на апаратот што е скап, посветеноста на стручниот кадар, цената на струјата, сето тоа ја формира цената. Што се однесува до QR-кодот, има дополнителни трошоци поради таа причина, цените се повисоки од само трошоците за давање резултат“, изјави Дукаѓин Османи, микробиолог во ИЈЗ

 Од Фондот за здравствено осигурување велат дека референтната цена на ПЦР тест на Сарс-Ков-2 е 1.550 денари со сите лабораториски трошоци, за  пациенти со осигурување.

„Фондот само ги покрива трошоците за тестови направени по упатства на матичните лекари и закажување преку платформата „Мој термин“ со цел откривање на вирусот за пациенти кои имаат симптоми или лица на контакт кои се во изолација. Сите тестови направени приватно за патување спроведени во јавните здравствени установи се пресметани од самата ИЈЗ во однос на трошоците и евиденцијата“, изјаваат од Фонд за здравствено осигурување на РСМ

Ако се споредиме со земјите од регионот, нашите граѓани продолжуваат да плаќаат високи трошоци за молекуларни PCR тестови. Почнувајќи од Бугарија и Грција кои се со стандардите на ЕУ од 30 евра за тестирање до другите наши соседни земји кои се движат по цени од 15-25 евра за PCR тест. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button