ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Цените на становите во Скопје со раст од седум проценти во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година се зголемиле за седум проценти во однос на истиот период од претходната година, а за еден процент споредено со третиот квартал, покажува индексот на цени на станови на Народната банка.

Advertisements

Најновите податоци за цените на становите се продолжение на намалувањето на растот што се бележи од почетокот на минатата година.

Во првиот квартал  лани цените на становите бележаат раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво. Во второто тримесечие од минатата година растот на годишно ниво изнесуваше 12,9 отсто, а на квартално 1,6 отсто. Намалувањето на цените продолжи и во третиот квартал кога растот на годишно ниво беше 11 проценти, а во однос на претходниот квартал 2,9 проценти.

Претходната 2022 година, пак имаше нагорен тренд, во првиот квартал становите поскапеа за 12,4 отсто  на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button