Цените растат, платите остануваат на исто ниво

Цените замрзнати, но граѓаните се жалат дека не виделе голема корист од таа мерка. При пазарењето на прехранбените производи, освен на основните на кои цените се замрзнати речиси три месеци, потребно е да се купат и дел од останатите продукти. Куповната моќ секојдневно се намалува а граѓаните стравуваат дека доколку работите не се променат на подобро, како ли ќе го поминат месецот.
“Месец – два се замрзнати цените, дали почуствувавме некаква придобивка од оваа мерка?“.
„Не се почувствува ништо. Јас многу и не пазарам ама мислам дека исти се трошоците. Некое подобрување и не почуствувавме“.
„Секаде е различно. Некаде се замрзнати а некаде се качуваат“.
„Што ли прави тој човек со десетина петнаесет илјади пензија, како фамилија да прехрани, ова поскапело, она поскапело, кај може да излезе на крај“.
Податоците на Државниот завод за статистика велат дека за една година има сериозно зголемување на цените на основните прехранбени производи. Маслото за јадење е поскапо за цели 25 отсто, лебот и шеќерот за над девет отсто, овошјето за шест и пол отсто а пак месото се продава по цена повисока за речиси шест отсто.
Цени на основни прехранбени производи
Декември 2020 / Декември 2021
Масло за јадење + 25 %
Леб + 9.3%
Шеќер + 9,3%
Овошје и зеленчук + 6,5 %
Месо +5,7%
На средината на ланската година серијата на раст на цените започна со маслото за јадење, од пеесетина денари, за неполни два месеци литро зејтин во маркетите достигна цена и над 100 денари. Потоа следуваше ценовното цунами во државата.
„ Дека куповната моќ на граѓаните е драстично намалена, покажа и последната пресметка на месечната синдикална минимална потрошувачка кошничка. Она што сме можеле да го купиме лани, годинава истото не чини илјада денари повеќе“.
Надлежните, за Алсат вчера потврдија дека Замрзнатите цени на основните прехранбени производи ќе продолжат да важат до крајот на месец февруари. Замрзнатите цени ќе важат за истите производи кој во декември со одлука на Владата беше одлучено да останат непроменети. Замрзнати ќе останат цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, свежото месо, сувомеснатите производи, сирењето, урдата, јајцата, оризот и тестенините.
Иле Петревски