ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Центарот за социјални работи молчи за случајот со дипломатката Рахман

Центарот за социјални работи молчи за случајот со дипломатката Рахман

Центарот за социјални работи управувано од Изеир Мемеди и по една недела одбива да даде какво било објаснување за случајот со дипломатката Фирдеса Рахман од Скопје. Неа и е ускратено правото на додаток за трето дете поради нејзиниот дипломатски ангажман, аташе во Амбасадата на Северна Македонија во Анкара, Турција. Пред една недела, директорот Мемеди рече дека случајот е специфичен, затоа е формирана комисија за испитување на овој предмет. И покрај ова ветување, во Центарот за социјална работа не е направено никакво движење за решавање на ова прашање.. По негативната одлука, Рахман ја обжалила постапката на суд.

„Од јануари судот донесе пресуда во моја корист, но Министерството за социјална работа не го спроведе, ниту ми се вратени парите, ниту донеле одлука. Секогаш кога доаѓам на одмор, принудена сум да доаѓам овде, во Центарот за социјална работа во Бутел, никој не не зема предвид, не ни дава објаснување кога ќе се направи, што ќе се прави“, рече Фирдеса Рахман, аташе во Анкара.

Дипломатката Рахман ги потсетува надлежните институции дека на оваа задача била испратена од државата и дека не го злоупотребува детскиот додаток. Таа го изразува својот револт кон институциите кои, според неа, се потсмеваат на нејзиниот случај. Таа го уживала правото на додаток за трето дете од 2016 година до декември 2022 година. Како аташе во Анкара е ангажирана до 2025 година./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button