ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Централно претседателство на Алијанса за Албанците на Таравари за настапот на локалните избори

Делот од Алијансата за Албанците што ја предводи Арбен Таравари, актуелниот министер за здравство, денеска ќе одржи Централно претседателство на кое ќе се одлучува за настапот на претстојните локални избори. Таравари вчера изјави дека не е точно оти преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции – едната е да продолжат во рамки на коалицијата Влен, а другата е да излезат од коалицијата и да настапат сами.

Advertisements

На Централното претседателство на партијата, како што рече, ќе заземат став како ќе продолжат понатаму. Во партијата, како што потенцира, се прават одредени анализи и анкети кои покажуваат дека во одредени општини би имале добар резултат и доколку настапат сами.

-Така што тука е изборот меѓу овие две опции. Нема трета опција, рече Таравари вчера на новинарско прашање во однос на барањето на лидерите од партиите во рамки на коалицијата Влен да одбере страна.

На Централното претседателство на партијата, како што посочи, сака да ги слушне ставовите, пред да биде донесена одлука.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button