
Спорред Меѓународниот Центар за Спортски студии (ЦИЕС), на најновата листата со 100 најскапи фудбалери во светот, на врвот се наоѓа ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам.
Белингам е прв на списокот и вреди неверојатни 280 милиони евра, додека второто место му припадна на Ерлинг Халанд, чија цена е проценета на 255 милиони, а третото место е резервирано за Винисиус Жуниор со 240 милиони евра.
Во Топ 10 се уште и Родриго Гоес, Фил Фоден, Букајо Сака, Хулијан Алварез, Ламине Јамал, Мартин Одегард и Флоријан Вирц.