РАКОМЕТСПОРТ

Црна Гора, првиот контролен натпревар пред ЕП во Германија

Ракометната селекција на Македонија денеска ќе го одигра првиот контролен натпревар од подготовките за Европското првенство во Германија. Нашите ракометари го продолжуваат континуитетот на настапи на големите ракометни собир, а по напорните тренинзи во Стара Пазова, на ред дојде првиот тест, кој нема да биде по вообичаените правила.

Селекторите Шола и Лазаров договорија средбата да трае 90 минути, односно ќе се игра трипати по триесет минути, со цел сите ракометари да добија соодветна минутажа за докажување и воигрување. Натпреварот со Црна Гора ќе биде и еден вид крај на подготовките на нашата селекција во Стара Пазова.

Ракометарите по враќањето во Македонија ќе добијат два слободни дена, а потоа ќе ги продолжат подготовките за дуелите со Франција, Германија и Швајцарија.

Пред заминувањето за Германија, Македонија ќе одигра уште два контролни натпревари со Грција, на четврти и петти јануари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button