МАКЕДОНИЈА

Црната листа на функционери на САД е долга, но не и списокот на обвинети

Иако со години постои потребата од постапување за случаи каде има сомнежи за корупција за лица кои се најдоа на црната листа на САД, последниот случај со поранешниот вицепремиер Артан Груби, го натера Јавното обвинителство да ги „засука ракавите“ и да отвори истрага против него, иако не за истиот случај. Црната листа на функционери на САД е долга, но не и списокот на обвинети. Груби доаѓа од редовите на ДУИ, партијата која стана синоним за криминал и корупција во последните денови. Ова предизвика ДУИ да реагира преку официјално соопштение.

Advertisements

„Нашите министри предложија прогресивен закон кој ќе воведе построги ограничувања за поединци на црната листа за корупција во САД. Овој закон имаше за цел да им забрани на овие лица да учествуваат во избори и постапки за јавни набавки. Важен чекор за заштита на демократските процеси и довербата на јавноста. И покрај оваа јасна определба за отчетност, предлог законот беше блокиран во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН“, велат од ДУИ.

Претходната влада најави измени на законот за рестриктивни мерки, со кои за лицата кои ќе се најдат на црната листа на САД, ќе се применуваат рестриктивни мерки за нив и во Македонија. Мерките предвидуваа доколку бидат на функција привремено да бидат разрешени, до докажување на обвинението, да им се забрани учество на тендери, како и конфискација на незаконски стекнат имот. Но, овој предлог закон не беше разгледан во Собранието иако беше ставен на дневен ред на 143-та седница, денот кога беа разрешени министрите на АА, Азир Алиу и Фатмир Меџити.

Вицепремиерот Изет Меџити вчера за Алсат изјави дека ДУИ се соочува со ситуација каде луѓето кои ги има на црната листа, се мешаат во судството,обвинети се корупција, но и бегаат од државата. Од друга страна, организациониот секретар на ДУИ Блерим Беџети вчера се огради од Груби велејќи дека тој не е дел од ДУИ, но го повика да се врати и да се соочи со правдата.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button