ВЕСТИРЕГИОН

Црногорскиот парламент ќе расправа за разрешување на вицепремиерот Абазовиќ

Црногорското Собрание денеска треба да расправа за предлогот на премиерот Здравко Кривокапиќ за разрешување на вицепремиерот Дритан Абазовиќ. На Колегиумот на претседателот на Собранието е договорено доколку има кворум и доколку се изгласа предложениот дневен ред седницата да трае три часа. Во предлогот за разрешување на Абазовиќ се наведува дека пратениците на Граѓанското движење УРА, заедно со дел од пратениците на Демократската партија на социјалистите и другите партии од поранешната власт, поднеле барање за гласање недоверба на Владата.

„Абазовиќ, како претседател на оваа политичка организација, јавно не ја оспори ваквата иницијатива, која директно го става во редот на оние кои работат против интересите на граѓаните и заеднички креирани и дефинирани цели“, вели Кривокапиќ во своето образложение. Кривокапиќ воедно предлага црногорскиот Парламент за нов вицепремиер да го избере актуелниот министер за финансии и социјала, Милојко Спајиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button