СВЕТ
Црвен крст: Хуманитарната помош во Газа е на работ на целосен колапс

Хуманитарната помош во Газа е на работ на „целосен колапс“ поради продолжените борби и двомесечната блокада што спречува хуманитарна помош да влезе во енклавата, соопшти денес Црвениот крст.
Светската програма за храна (WFP) на 25 април објави дека останале без залихи од храна во Газа поради континуираното затворање на премините во енклавата.
Во Газа не е влезена хуманитарна или комерцијална стока повеќе од седум недели, бидејќи сите главни гранични премини остануваат затворени, соопшти Светската програма за храна (WFP) во соопштение до новинарите.