
Британските медиуми тврдат дека цел на Манчестер Јунaјтед се најмалку уште три засилувања и тоа по еден играч од одбраната, средниот ред и нападот.
Прва желба на Тен Хаг за одбраната беше Брејтвејт од Евертон, но клубот бараше 80 милиони евра, па веројатно ќе се бара алтернативно решение.
За средниот ред и натаму главна цел е Угарте, ама и тука прв проблем се парите бидејќи ПСЖ не ја спушта цената, а алтернатива е Де Јонг од Барселона кого Тен Хаг добро го познава од деновите во Ајакс.
Што се однесува до нападот, Јунајтед е заинтересиран за Фергусон од Брајтон. Прашање е зошто „ѓаволите“ инсистираат и за засилување во нападот ако се знае дека таму ги имаат Хојлунд и Зиркзе, па Фергусон би бил трета опција што нему нема да му одговара.
“Црвените Ѓаволи” досега донесоа четворица нови играчи и за нив потрошија околу 175 милиони евра.