ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни два пожара, три се под контрола

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК.

Advertisements

Активен пожар има во Општина Чашка кај место викано Котева Круша атар на с.Оморани, префрлен од планина Мукос каде што гори мешана шума.

Мешана шума е зафатена и од пожарот во Општина Македонски Брод, кај резервоарите на селскито водовод во Грешница.

Под контрола се пожарите на Плакенска планина над с.Вирово во Општина Демир Хисар, меѓу кичевските села Цер и Старец, и на Галичица кај Зли Дол, с.Стење и с.Лескоец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button