ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЦУК: Активни седум пожари, екипите се справуваат на терен

Пожарот на местото викано Бајаз Тепе се уште е активен кај на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, но со намален интензитет, без појава на ветер и полесно може да се следи. На него дејствуваат веќе постоечките екипи од АРСМ, ШС Равна река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ДЗС, РЦУК Берово, месно население, како и помош од Р. Бугарија, Р. Словенија и Р. Австрија. Хеликоптерите се постојано активни и канадерот од Романија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 15:00 часот.
Во објава на Фејсбук од ЦУК прецизираат дека на терен се 120 припадници на Армијата, 30 вработени во
Шумското стопанство Равна Река – Пехчево заедно со две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз, 15 вработени со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз од ШС Малешево Берово, екипа на ТППЕ Берово со седум пожарникари и две противпожарни возила возила, БППЗ Скопје и ТППЕ Штип и Струмица со по едно противпожарно возило, ПО ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило со цистерна, РЦУК Берово со 2 вработени, ПП екипи од Бугарија со 20 пожарникари и 3 ПП возила, ПП екипа од Словенија со 45 лица и 17 возила, како и 60 луѓе од месното население.
-Според информациите добиени од РЦУК Берово и ТППЕ Берово пожарот кој зафати повеќе атари во делчевско полека се става под контрола. Пожарот во моментов е активен кај селото Разловци место викано Чокалица. ТППЕ Делчево се наоѓаат на терен и се во состојба да го контролираат пожарот. Според информацијата од ТППЕ Делчево дел од силите за гасење по потреба се пренасочуваат кон покритичните места во Беровско, појааснуваат од ЦУК.