ЦУК: Четири пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно четири пожари на отворено, а пожарникарите гаснеле и пожари во населени места.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје на Град Скопје вчера од 15:45 до 16:55 часот гаснеле запалена трева на површина од 2 000 квадратни метри во село Мралино во Општина Илинден.
ТППЕ Кочани вчера од 11:40 до 13:15 часот гаснела запалена ниска вегетација кај село Кучичино, во близина на цигланата и од 14:08 до 19:50 часот итервенирале на запалена ниска вегетација во близина на село Спанчево во Општина Чешиново-Облешево.
Пожарникарите од ТППЕ Неготино од 13:00 до 17:00 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Тимјаничка“ во Општина Демир Капија.
ЦУК потсетува дека метеоролозите во овој период најавуваат на неколку денови растојание, циклично, врнежи од дожд, што во одредени региони можат да бидат поголеми.