МАКЕДОНИЈА

ЦУК: На Водно вчера се изгубило едно лице, било пронајдено за околу еден час

На Водно вчера се изгубило едно лице, кое било пронајдено за околу еден час, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера во 15:23 часот била добиена пријава дека во парк-шумата Водно е изгубено едно лице, при што веднаш биле известени надлежните институции за понатамошна постапка.

„По интервенција на надлежните структури лицето е пронајдено за околу еден час“, соопштуваат од ЦУК.

Според информациите на ЦУК, од полициската станица „Карпош“, вчера во 16:34 часот добиле дојава дека изгубено лице е пронајдено и е на пат за градот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button