ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЦУК: Нов пожар кај Демир Хисар

Нов пожар избувна во Демир Хисарско, во близина на селото Сопотница, информира Центарот за управување со крици (ЦУК). Оттаму додаваат дека постои опасност да биде зафатена зимзелена шума.
„Гори сува трева но постои опасност пожарот да се прошири кон блиската зимзелена шума.
Пожарот брзо беше изгаснат но повторно се разгоре и пак беше изгаснат. Екипа на ТППЕ Демир Хисар превентивно останува на лице место“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.