МАКЕДОНИЈА

ЦУК предупредува од поплави во пролет и суво лето

Климатските промени доведоа до зголемување на бројот на пожари и поплави во текот на изминатата година. Според Центарот за управување со кризи, годинава се очекуваат поплави напролет и голем број пожари на лето.

Advertisements

Од Центарот за климатски промени велат дека за справување со ваквите состојби потребни се повеќе човечки капацитети, опрема и соработка меѓу секторите.

Министерот за животна средина и просторно планирање рече дека државата работи на заштита на животната средина.

Овие коментари беа дадени на конференцијата во рамки на проектот „Зголемување на климатската одржливост на локално ниво“, имплементиран од Центарот за климатски промени, инициран од шведската Влада.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button