ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЦУК: Сè уште е активен пожарот во фабриката во тетовско Фалише

Пожарот кој вчера претпладне избувна во магацин на фабрика за бои и лакови во тетовското село Фалише е сè уште активен, и покрај интервенцијата на противпожарните екипи кои гаснеле цела ноќ, информира утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Пожарот во тетовското село Фалише е сè уште активен. Иако со значително намален обем, сè уште има пламен и чад. Тетовските пожарникари гаснеа непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење“, вели Ангелов.
Според него, се очекува пожарот целосно да биде изгаснат во наредните неколку часа.