ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЦУК: Целосно изгаснат пожарот во зградата во скопската населба Чаир

Целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир. Состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот, спред ЦУК, бил доизгаснат денеска околу 9:30 часот. Утрово пожарот се уште бил активен и на терен биле три противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Од ЦУК потсетуваат дека вчера, од 1:50 часот, пожарот во Чаир го гаснеле 20 пожарникари со седум противпожарни возила поради запален магацин на улица „Прохор Пчињски“ бр.136, во подрумски дел на зградата.