ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЦУК: Вчера имало 33 пожари, активни седум од вчерашните и четири нови од утрово

На тертиторијата на државава вчера имало вкупно 33 пожари. Активни од вчерашните се уште седум, а утрово има известување за четири нови пожари, два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари, каде што се запалени отпадоци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
По дел од пожарите што загрозуваа села, како што се наведува во соопштението, се дејствувало и со два противпожарни авион на ДЗС и со еден хеликоптер на МВР, а некаде покрај ПП тимови во одбрана на селата се вклучи и месно население, како во Демирхисарско.
– По рекордот од 60 пожари во неделата, вчера имаше „само“ 33 пожари на отворен простор од коишто во моментот горат се уште седум од вчерашните и четири нови од утрово, велат од ЦУК.