ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЦУК: Вчера имаше вкупно 19 пожари на отворено и сите се изгаснати до утрово

ЦУК: Вчера имаше вкупно 19 пожари на отворено и сите се изгаснати до утрово

Центарот за управување со кризи информира дека до утрово имало 19 пожари на отворено и сите се изгаснати од страна на територијалните противпожарни единици, во државата.

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, дека во текот на изминатото деноноќие имале две противпожарни интервенции на отворено: од 15:10 до 16:10 часот, со пет пожарникари и две противпожарни возила гаснеле запаленa ниска вегетација на површина од 5 хектари во атарот на село Моране, Општина Студеничани; од 20:20 до 21:55 часот, 3 пожарникари со едно возило гаснеле запалено стрниште на површина од три хектари во атарот на село Брњарци, Општина Гази Баба.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на територијата којашто ја покраива имало два пожара од 07:00 часот, и во текот на целиот ден, ТППЕ Демир Хисар, со еден пожарникар и едно возило, како и три вработени во ЈКП „Комуналец“ – Демир Хисар со градежна машина, интервенирале поради запален отпад на градската депонија во Демир Хисар.

Регионалниот ЦУК – Штип, известува дека ТППЕ Штип, интервенирале два пати: од 19:45 до 21:40 часот, со 3 пожарникари и едно возило, гаснеле запалено стрниште помеѓу селата Долни Балван и Крупиште. Пожарот за кратко се реактивирал, по што на интервенција заминале со 6 пожарникари и две возила кои го изгаснале во 01:15 часот. Опожарена е поголема површина на ниска вегетација, стрниште и нива насадена со пченка.

Регионалниот ЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, во текот на изминатото деноноќие имала седум интервенции поради запалени стрништа и ниска вегетација и тоа: Од 12:25 до 13:35 часот, во атарот на село Речица; од 13:30 до 14:15 часот, кај месноста „Менкова Колиба“; од 16:45 до 20:50 часот, во село Никуштак; од 18:20 до 22:40 часот, кај м.в. „Пирочански Лозја“; од 18:35 до 21:50 часот, до Спомен Костурница; од 20:50 до 00:40 часот кај селата Слупчане и Опае и од 06:40 часот до 08.30 часот, во село Ваксинце. Во сите случаи интервенирале со по 3 пожарникари и по едно возило.

Инаку, ТППЕ Старо Нагоричане, со двајца пожарникари и едно возило, од 19:40 до 22:40 часот, гаснеле опожарена куќа во село Руѓинце, село од разбиен тип населби.

Регионалниот ЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Тетово во текот на изминатото деноноќие на територијата што ја покрива имало пет противпожарни интервенции: од 09:15 до 10:45 часот, со 3 пожарникари и едно возило гаснеле запалена ниска вегетација во село Палчиште; од 11:17 до 11:50 часот, со двајца пожарникари и едно возило гаснеле запалена ниска вегетација до комплексот „Арабати Баба Теќе“; од 12:45 до 13:05 часот, со 3 пожарникари и едно возило интерверале поради пожар во стан на ул. Иво Лола Рибар; Од 16:11 до 17:00 часот, со двајца пожарникари и едно возило, гаснеле запалена меѓа помеѓу селата Фалише и Стримница; од 19:30 до 21:00 часот, со 3 пожарникари и едно возило гаснеле запалени грмушки и ниска вегетација кај село Горно Палчиште.

ТППЕ Гостивар, од 11:30 до 12:30 часот, со тројца пожарникари и едно возило гаснеле запалена ниска вегетација помеѓу селата Чајле и Форино.

Инаку, пожарникарите на целата територија на државата, паралелно со интервенциите на пожари на отворено, имале и повеќе интервенции на објекти во населени и урбани места, додаваат од ЦУК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button