МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Во лифтот немало пациент, дел од екипата на Итната помош се жали на повреди

Лифтот кој се заглави во зграда во скопска Кисела Вода, а во кој се наоѓала екипа на Итната медицинска помош, паднал најмалку од приземје во подрум. Во моментот на падот, во лифтот немало пациент, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) иако претходно информираа дека покрај медицинарите во лифтот имало и пациент.

Advertisements

Екипата на Итната помош, велат од ЦУК, била на констатирање на смрт.

„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на Итната медицинска помош. Екипата се движела од приземје кон шести кат, но кога дошле малку над вториот кат лифтот забрзано се спуштил или паднал во подрум Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот. Три лица се жалат на повреди. Во лифтот немало пациент, а екипата била на констатирање на смрт“, информираат од ЦУК.

Од Центарот претходно соопштија дека во лифтот имало и пациент.

Случајот бил пријавен на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во 11:22 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button