ЦУК: Во последното деноноќие нема пожари на отворено

Во текот на вчерашниот ден нема регистрирано пожари на отворено, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК).
– Според искуството на пожарникарите, врнежи се малку, па ако времето пак затопли, треба да се внимава таму каде што ќе има чад, да се контролира и да се внимава и брзо да се реагира за, евентуално, појавениот мал оган да не помине во квалитетна шума, што при силен ветер се разгорува и освен што ќе гори шумата, во таков случај ќе бидат загрозени и блиските населби, села и градови, се наведува во соопштението од ЦУК.
Од ЦУК посочуваат дека голема улога за превенцијата од опасности имаа и медиумите, кои континуирано во текот на целата година ги елаборираа темите за опасностите и непогодите, а не само во сезоните кога тие се најчести.