Цветковска: Судството има проблеми со правдата

Ако сведочиме што се случува и какви оценки има судството веќе 30 години, тие очигледно имаат проблем и со правда, не само со демократија, оценува во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат новинарката Сашка Цветковска. Говорејќи на теми од областа на правосудството, Цветковска меѓу другото изрази забелешка и на адреса на Академијата за судии.
„Јас не знам што се прави во таа фамозна академија за судии и јавни обвинители којашто требаше да ги произведе оние нови кадри, кои ќе дадат нова енергија, кои ќе бидат помодерни, попрогресивни и поправедни. Но, гледаме дека таа е само уште една алатка во којашто се ‘штанцаат’ нови и нови ќерки и синови на исти луѓе. Ако го гледате дома примерот на вашиот родител судија, каква правда вие ќе споделувате“, вели Цветковска.