Тухина: Балканот заложник на домашните политики на земјите-членки на ЕУ

Новинарката Ѓераќина Тухина во „Емисијата 200“ проценува дека земјите од Западен Балкан се заложници на политичкиот момент на земјите членки на ЕУ. Според неа, во повеќето случаи земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија и Косово, добиле ветувања од институциите на ЕУ, но тие ветувања не се исполнети заради домашните политики на земјите-членки. Тухина дури вели дека случајот со Република Северна Македонија е најеклатантен случај, бидејќи официјално Скопје ги исполни сите услови, вклучително и промена на државното име.
„Политичките лидери од Скопје добија целосна поддршка за преговорите за членство, но имаме работа со 27 земји-членки кои ја одредуваат политиката на институциите, има многу различни случаи во последниве години кога институциите велат едно, но тоа не може да се исполни заради внатрешни политики на државите членки. Земете го прашањето за визите за Косово. Со години на Косово му беше кажувано да ја заврши демаркацијата и веднаш ќе добие либерализација, а со години граѓаните на Косово остануваат најизолираните граѓани во регионот. Истиот, а најеклатантен случај е Северна Македонија, кога 10 години ѝ беше кажувано да го смени името или да го реши спорот со Грција за да се отвори патот за европска интеграција. „Македонија стори сé“, Тухина.