ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тунај Сејфулов живее во мизерни услови со своите четири деца во Шуто Оризари

Тунај Сејфулов живее во мизерни услови со своите четири деца во Шуто Оризари

Тунај Сејфулов живее во мизерни услови со своите четири деца во Шуто Оризари. Неговата најмала ќерка има само седум години. Неговата состојба уште повеќе е отежната по минатонеделниот пороен дожд. Малиот покрив што го имал над главата му е уништен.

Покрај Сејфулов, голема штета претрпе и семејството на Селим Ѓурѓеман. Живее само од социјална помош и единствена надеж за санирање на куќата е помошта од државата.

Досега во општина Шуто Оризари над 50 семејства пријавиле материјална штета на своите куќи од поплавите во последните неколку дена.

Постапката за проценка и надоместување на штетите од поплавите обично трае долго. Владата на последната седница го ангажираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за проценка на штетите./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button