МАКЕДОНИЈА

Тупанчевски кажа што мисли за предлогот, законот за здруженија да оди пред Венецијанската комисија

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, предлогот од министерот Османи, законот за здруженија и фондации да оди на мислење во Венецијанската комисија го гледа како чекор кој би можел да ја заштити државата.

Advertisements

„Нема да биде првпат некој акт да биде даден на мислење на Венецијанската Комисија. Јас тоа повеќе го гледам како поголема заштита на државата во однос на тоа овие одредби, утре или задутре да бидат оспорени. Ако Венецијанската комисија даде свое позитивно мислење во однос на овие измени, тогаш нашата држава ќе биде многу повеќе заштитена“, рече министерот Тупанчевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button