МАКЕДОНИЈА

Тупанчевски: Транспарентен изборен процес на обвинителот за организиран криминал

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, запрашан за коментар во врска со изборот на новиот јавен обвинител за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, рече дека се работело за транспарентен процес и одлука на обвинителите.

Advertisements

„Се работи за избор на јавнообвинителстката фела и тој избор беше направен транспарентно, зборувам за процесот, а какви ќе бидат резултатите и допрва ќе излезе дали имало некакви девијантности или дисторзија во однос на она што значи избор на јавниот обвинител…да не заборавиме, 163 обвинители својот глас го дадоа за колегата за кој може да ја оценуваат неговата стручност…дефинитивно, тоа е избор на колегите“, рече министерот Тупанчевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button