ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туристичка комора: Да продолжи субвенционирањето на минималната плата

vcer


Најмалку 5000 вработени во туристичкиот сектор ќе останат без работа ако државата не ги продолжи економските мерки предупредуваат од секторот. Продложување на мерката за субвеницонирана минимална плата, одложување на кредитите за следната година и ослободување на ДДВ се дел од листата барања испратени до министeрството за економија.

„Доколку тие бидат прекинати нашиот апел е дека во август месец првиот удар ќе биде со 5 илјaди отпуштени луѓе и 5 илјaди семејства бидејќи се претежно фамилијарни бизниси ќе бидат под завод за вработување“, рече Емил Димитриевски- Туристичка комора.

За нив  неопходно е и комисијата за заразни болести да го смени протоколот за патување, намeсто 50 проценти исполнетост од капацитетот на автобусот на биде 70 проценти.

„Зелениот картон кој што тие веќе го имаат платено во изминатата 2020 а се паркирани и не возат да им биде уважен за 2021 затоа како што знаете како и туристичките агенции и превозниците не обавуваат никаква дејност“, рече Биљана Пејковска Ристовска- Туристичка комора.

Туристичкиот сектор е еден од трите најпогодени сектори од појавата на пандемијата во земјава.

Андреа Чобанова

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button