ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туристичката сезона во Охрид завршува со домашни туристи

Оваа туристичка сезона во Охрид, иако беше кратка, беше подобра од минатата,но значително послаба од годините пред Ковид пандемијата. Хотелските работници за Алсат, ги сумираат првите впечатоци. Велат дека најбројни биле домашните туристи, туристите од Србија, додека мал бил бројот на странски туристи од западно европските држави

„Фалат странските туристи од 2019 година, па навака.Оваа година има дел од странските тур оператори кои пробаа да ја оживеат дестинацијата, но со многу потешкотии.Касно почнаа. Доаѓањето на странците беше со бројка,која беше занемарлива, 10% во однос на 2019 Тоа е многу мал број од нив“, изјави Перо Кутаноски-менаџер на хотел.

„Можеме да бидеме делумно задоволни.Структурата на гостите,кои престојуваа во нашите капацитети,се сведе на домашните гости.Имавме одреден број на гости од Србија и по некоја група од Полска и Украина. За наредниот период, голем дел од аранжманите се откажани“, Зоран Јанчески- менаџер на хотел.

Сезоната почна околу 10 јули и траеше до крајот на август. Хотелските работници се надевале дека сезонава ќе продолжи со т.н конгресен туризам, но сите конгреси и семинари поради новите мерки се откажани.

„Останува до 15-20 септември некои резервации, некои ситни настани, понатаму навистина не знам што ќе се случува“, нагласи Перо Кутаноски-менаџер на хотел.

Охриѓани велат дека се чувствувало отсуството на традиционалните гости, од Холандија и Белгија кои во Охрид доаѓаа први уште во месец во мај и заминуваа последни во октомври. До 2019 година нивниот број, во текот на една сезона надминуваше 30.000.Овде се и гостите од Турција, кои ги имаше преку целата година, но и туристите кои преку т.н кружни тури доаѓаа од Азија. Сезонава во Охрид помина и со повисоки цени на услугите во рестораните и останатите угостителски објекти, недостиг на паркинг места, како и хаос во такси сообраќајот. Според податоците на НБРМ, девизниот прилив по ставка туризам за вториот квартал на 2021 година бележи покачување од 93.54% во споредба со истиот период во 2020 година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button