Туристичките работници затачени од откажаните аранжмани
Туристичките работници затачени од откажаните аранжмани

Охрид и Струга стравуваат од можен дебакал на оваа туристичка сезона, откако дел од големите тур оператори, засега два од Полска и еден од Холандија, во пет до дванаесет ги откажаа аранжманите, а со тоа и чартер авионите со кои доаѓаа овде. Станува збор за триесеттина илјади туристи, кои се очекуваат да пристигнат во Охрид.
„Секако дека е за загрижување тоа што веќе има најави за некои откажувања. Незнаеме што ќе биде со сезоната со тие странски туристи кои доаѓаа организирано со чартер летови многу години наназад.Дали ќе има некакво влијание овие откажувања или не, дали бројките ќе се истите од минатите години или се слични неможеме да кажеме“ – Јаким Маленко-туристички работник.
Една од причините се не само повисоките цени на хотелските аранжмани, но и затоа што оваа година хотелите се откажале од понудата оллинклузив.
„За жал не откажаа само Полјаците, има голем број на групи кои или се на стенд бај или ги намалуваат бројот на гости во секоја група или комплетно откажуваат. Се осеќа разлика во однос на минатата година и во однос на бројот на ноќевања и квалитетот на туристи кои доаѓаат. Тие сите чартери требаше да започнат во мај и јуни.Компанијата Реинбоу планираше да влезе на пазарот, но тоа го откажа, по новните коментари затоа што добиле повисоки цени од други пазари и тоа неможеле да го издржат“- Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.
Хотелиерите сепак се оптимисти дека летната сезона ќе помине добро и оти во периодот кој им преостанува ќе се обидат оваа празнина да ја надополнат со туристи од други држави и со попривлечни понуди за домашните гости, како и за иселениците во странство.