Туристичките водичи „дишат на цевче“, нема странци, нема работа

Поради малиот број странски гости и ова лето поради сè уште актуелната ситуација со Ковид 19, голем број туристички водичи во Охрид сè уште се без работа. Најбројни се домашните гoсти на кои не им треба водич низ градот, а бројот на странци кои организирано дојдоа е многу мал. Станува збор претежно за туристи од Полска и од Холандија. До октомври треба да дојдат околу 2.500 Холанѓани, што е речиси ништо споредено со нивниот број пред две години кој изнесуваше околу 30 илјади.
Со оглед на тоа дека во Охрид има 230 до 240 туристички водичи, не повеќе од дваесеттина се ангажирани бидејќи од Албанија доаѓаат поголеми организирани групи со автобуси Полјаци и Украинци. Најмногу руското говорно подрачје и на полски јазик – изјави Климент Наумов-претседател на здружение на туристички водичи.
Наумов вели дека туристичките водичи ќе треба да се навикнат на овие нови услови.
Оваа цела пандемиска ситуација алудира на тоа дека индивидуалците ќе бидат на преден план, а и од наша страна од гледна точка на туристички работници, би биле побезбедни доколку водиме групи со помал број за да избегнеме несакани последици – изјави Климент Наумов-претседател на здружение на туристички водичи.
Добар дел од туристичките водичи кои година и половина останаа без работа во меѓувреме мораа да работат нешто друго. Некои, вели Наумов, станале земјоделски работници, некои почнале да се занимаваат со столарство или градежништво.
Мики Трајковски