ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туристите во Струга се жалат на инфраструктурата, ѓубрето и кучињата скитници

Туристите во Струга се жалат на инфраструктурата, ѓубрето и кучињата скитници

Печалбарите и домашните туристи си заминаа, но во Струга се уште престојуваат странски туристи. Туристичките работници се задоволни од тоа како поминува летото. Велат според бројот на гости и ноќевања, ова ќе биде сезона слична на онаа од 2019 година, која важи за најдобра досега.

Advertisements

„Генерално сме задоволни од бројот на гости, но остануваат проблемите кои беа и претходните години. Тоа се недостаок на персонал и квалитетен персонал.Со тоа допрва ќе се соочуваме и наредните години.Од аспект на ноќевања бевме далеку подобри од претходните години“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел од Струга.

Јанчева вели дека секојдневно добиваат поплаки од гостите за одредени проблеми со кој регионот се соочува со години.Најголемиот проблем е инфраструктурата.Автопатот Кичево Охрид, Струга се прави веќе десет години.

„Проблемот со ѓубрето, депониите, горењето на депониите, проблемот со кучињата скитници. Тоа е се она на што реагираат туристите. Проблеми кои континуирано биле тука во изминатите години.Реакции имаше и за питачите во Струга.Ни се случуваше на свадби да се појавуваат секојдневно.Тоа е нешто за кое општиата треба да се позанимава во следниот период“, додаде Ана Јанчева-менаџер на хотел од Струга.

А иако е септември, топлото време ги прави се уште атрактивни струшките плажи за одмор и капење.

„Има многу луѓе. Многу се работи на туризмот што ми се допаѓа.Треба на хигиената да се поработи. Патиштата се посебна приказна, посебно оној кој што се прави од Кичево до Охрид, кој сигурно ќе ги зголеми цените овде и на сместувањето и на се друго. И Охрид е безобразно скап.15 километри е само разликата меѓу Охрид и Струга, а разликата во цените е меѓу 50 и 100%“, рече еден турист.

„Овде сме секоја година. Имаме стан во Охрид. Секој ден одиме на друга плажа. Од Свети Наум до Калишта“, додаде друг турист.

„Минатата година дојдовме од Скопје.Патот беше многу лош во изградба и незнам кога ќе се изгради.Овој пат дојдовме преку Прилеп.И таму се гради.Кога ќе биде изграден незнам. Од тоа зависи дали ќе доаѓаат многу туристи овде“, нагласи еден турист.

Локалните жители пак реагираат на узурпацијата на плажите летово со лежалки и чадори.

„Нема никаков простор за оние кои сакаат да стават пешкир. Би било добро општината да обезбеди таков простор, бидејки многумина во Струга ќе ви кажат дека не доаѓаат заради тој проблем. Едноставно треба да платите 500 денари.Законска обврска им е да обезбедат слободен простор.Но никој не поминал да види, од т.н инспекциски служби да види што се работи во текот на сезоната во Струга“, рече еден жител на Струга.

Најбројни туристи летово во Стурга беа оние од Турција и Полска, но не и гостите од Холандија.Сепак иселениците се тие од кои Струга најмногу профитира секое лето./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button