ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туризам, се бара нов модел за субвенции

На пет месеци до новата туристичка сезона од туристичкиот сектор уште од сега апелираат државата да најде нов начин за субвенционирање на странски туристи кои доаѓаат во Македонија. Поради пандемијата неизвесно е каква сезона може да се очекува.

Advertisements

„Очекувам да се направи ревизија на начинот на субвенционирање на странските туристи. Да се направи нова стратегија за развој на туризмот која ќе ги земе во предвид сите оние недостатоци на она што го имавме претходно и да почнеме со еден нов пристап во привлекување на туристи.“

Според првичните планови, земјава би требало да се фокусира на соседите од каде во минатото доаѓаа голем број на туристи, како што се Косово, Албанија, Србија и Бугарија.

„Субвенцијата по дифолт е краткотрајна мерка, на пример до пет години. Во моментот кога ќе го развиете тој пазар, треба да се насочи на друг. Се плашам субвенционирањето на холандските туристи да не оди во следните 20 години, на сметка на сериозни пазари…“

Најголем дел од субвенциите, откако оваа мерка беше воведена пред неколку години, одат за холандските туристи кои беа едни и од најбројните во Охридскиот регион. Од 2013 година, државата на тур-операторите им доделуваше по 65 евра субвенции за секој холандски турист кој закупил најмалку три ноќевања. Но, поради состојбата со корона вирусот сите чартер летови со странски гости со месеци се укинати.

Miki Trajkosaki

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button