ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Туризмот ги зголеми цените, а планира и дополнително поскапување

Туризмот ги зголеми цените, а планира и дополнително поскапување

Инфлацијата, високите цени на основните прехранбени производи, високите сметки за струја ги натера угостителите и хотелиерите да ги зголемат цените на аранжманите, но и на услугите. Летната сезона која изминува, продавале аранжман и за 20% повисоки од ланската година.

Advertisements

„Има зголемување на цените, меѓутоа реално и домашните гости и странските гости знаат дека оваа ситуација е во цел свет поскапување, а не само во Охрид или Македонија….“, рече Иљче Димитриески- менаџер на хотел во Охрид.

Поради скапотијата некои угостители планираат и дополнително поскапување или пак, времено затворање.

„Имаше покачување на аранжманите затоа што сите производи, не само електричната енергија и храната и сите други услуги беа доста поскапени. Но, Струга во споредба со Охрид е традиционално поевтина и ќе се потрудиме да ги сочуваме тие цени во тој сегмент, каде може да се заштеди и да не се оштети туристот“, рече Агим Пошка-угостител..

„…Ако било кафето 30 денари, сега ќе биде 60 денари. Сè ќе се покачи. Дека клуч има шанса да се стави, јас мислам дека има шанса да се заклучи, ако одиме со оваа стапка на зголемување на цените“, истакна Муса Рашид-сопственик на хотел.

Хотелиерите и угостителите се свесни дека поскапувањата се нож со две острици. Од една страна ги ублажуваат загубите, но од друга тоа би значело потенцијално помалку гости.

„Во иднина ќе мора да покачиме и ние цени и не знам дали ќе има интерес од нивна страна, да продолжат со Охрид како дестинација за туризам“, додаде Муса Рашид-сопственик на хотел.

Некои од хотелските капацитети во Охрид и Струга со кои контактиравме ни рекоа дека единствено решение за високите сметки за струја е затворање во текот на зимските месеци./Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button