Турканици пред вакциналните пунктови, има и полиција

Тензична ситуација тука на пунктот за вакцинација во поликлиниката Чаир. Граѓаните пристигнаа од 7 или 8 наутро и чекаат 3 или 4 часа во ред за да се вакцинираат. Да се каже во ред, бидејќи всушност тука нема ред и според граѓаните тие внатре не се ни организираат за целиот процес на вакцинација да оди побрзо.
Револтирани, тие побараа од полицијата да воспостави ред, но кога полицијата побара од нив да застанат во редица, не сите го правеа тоа. Како што поминуваше времето, толку повеќе стануваа нервозни.
Од 7 наутро чекам овде. Пуштаат без ред. Прво нема ред. Влегуваат со познаници, оние кои се привилегирани, а ние чекаме овде.
Од 8 часот сме тука. Чекам за прва доза. За втората сега може.
Од вчера во 4:15 часот имав термин. Чекав до 7 часот, кога влегов ми рекоа дека им е жал, ама системот бил полн. Дојдов денеска. Цел ден, од 8:30 часот сум овдеЈас сум тука два часа. Имав термин, еве 17:49 е сега, велат системот паднал. Системот не паднал, туку ова е измама. Нема ред, кој како може влегува.
Во целата оваа збрка, медицинскиот персонал се грижи луѓето што чекаат да бидат послужени со вода за пиење. Покрај големиот број граѓани кои се пријавиле да се вакцинираат, друга причина што влијае врз создавањето хаос и револт кај граѓаните е тоа што сега процесот на вакцинација се спроведува без термин. Оние кои ја примиле првата доза, веднаш добиле и термин за втора доза, па сега не можат да си дојдат на ред. Лекарите велат дека имало и конфликти.
Дали имаше конфликтни ситуации? Првиот, вториот и третиот ден имавме потешкотии при влегувањето и излегувањето од пунктот, имаше и такви ситуации. Меѓутоа, полицијата и армијата интервенираа. Целиот овој неред надвор од главните влезни врати е последица на самите граѓани. А, тука нагоре кај нас, од моментот кога ќе го внесете во компјутер, административниот дел, сè до добивањето на картонот на крај, сè на сè трае вкупно 15 минути. До 1.000 лица е бројот последниве денови.
Гужва имаше и на пунктот за вакцинација во поликлиниката Бит Пазар кој почна да функционира од вчера, но за разлика од ситуацијата во Чаир, тука е помирно.
Со недели, вакцинацијата се одвива без системот „Мој термин“, па секој што сака да се вакцинира, доволно е да отиде до пунктот без претходно да се пријави.
Подготви: Еви Шкопи