
Фудбалската репрезентација на Турција веројатно над сите очекувања и по подмладувањето на составот стигна до четвртфиналето на Европското првенство. Ниту во фазата на осумте најдобри Турците не се покажаа лошо, загубија со 2-1 од Холандија, ама водеа и имаа неколку шанси за да изборат продолженија.
По мечот еден од најнеутешните беше Хакан Чалханоглу. Турскиот капитен беше во солзи, а го тешеа соиграчите од Интер и репрезентацијата. Сепак, потоа во разговор со новинарите тој нагласи дека е горд на овој успех.
„Во второто полувреме игравме премногу дефанзивно. Примивме два гола за седум минути. И покрај тоа не се откажавме, креиравме шанси и се обидовме да се вратиме. Мора да бидеме искрени, никој не го очекуваше ова од нас. Не го гледаа овој млад тим во оваа четвртфинална фаза. Поради тоа сум многу горд на моите соиграчи“, изјави Чалханоглу.
Третпат во својата историја Турција играше четвртфинале на Европско првенство, а најголемиот успех го имаше во 2008 година кога стигна до полуфиналето и освои бронза