СПОРТФУДБАЛ

Турскиот клуб ќе го купи Заниоло за 20 милиони

Николо Заниоло до крајот на денот треба да потпише договор со Галатасарај. Турскиот клуб ќе го купи Заниоло за 20 милиони, италијанецот ќе потпише договор на четири години, со плата од 3,5 милиони евра. Интересно е дека откупната клаузула ќе биде поставена на 35 милиони евра и ќе може да се активира веќе на лето.

Се чини дека ова во моментот е најдобрата опција за Николо Заниоло, но тој нема намера уште долго да остане во Истанбул, поради што побара да има прифатлива клаузула за да може да замине во друг клуб. Во тој случај Галатасарај би заработил околу 15 милиони евра./Makfudbal/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button