СВЕТ
Турските власти започнаа контрола на менувачниците и банкоматите поради фалсификувани долари

Турските власти ги ограничија менувачниците и банкоматите за да спречат ширење на фалсификувани американски долари, поради што некои банки престанаа да примаат одредени банкноти.
Турската централна банка соопшти дека соработува со судските власти за решавање на проблемот со фалсификувањето и дека го споделила извештајот и упатствата со банките.
Иако не е прецизирано колку фалсификувани долари циркулираат во земјава, неколку банкарски извори наведуваат дека менувачниците и банките веќе не примаат банкноти од 50 и 100 долари бидејќи се сомневаат дека се фалсификувани, а не ги примаат ниту парите што уредот за пребројување не може да ги препознае.