
Турција потврди дека ќе упати инспекции за сеизмички истражувачи до 4 ноември, за кои во спорните води на источен Медитеран го испрати својот брод „Оруч Реис“, што дополнително ги засили тензиите во регионот.
Грција и Турција, обете членки на НАТО, не успеаја да го надминат спорот околу правото на експлоатација на фосилни горива на истокот на Средоземното море, ја цитира Танјуг агенцијата Ројтерс.
По неодамнешниот самит на ЕУ свикан на барање на Кипар, беше објавено дека ЕУ ќе ја казни Турција ако продолжи да спроведува провокативна операција во регионот за кој права полагаат и Грција и Кипар.